contact@gotvimesofico.mk

30
авг

Чоколаден Тарт

Чоколаден тарт како што само јас го правам! 😉

За ваков десерт не е потребен вовед, па одиме вака:FIC_0136Во блендер ќе издробите 330гр од омилените колачи (количината зависи од големината на калапот што го имате), 

ќе ги споите со 130гр растопен путер и ќе добиете смеса за моделирање.
Ќе ја наредите во калапот за тарт и ќе ја оформите со лажица, за да добиете еднаква подлога. Така спремен калапот ќе го ставите во замрзнувач на околу 15 минути.FIC_0126Со миксер ќе изматите 3 лажици путер од кикирики и 250гр од вашето омилено чоколадо (растопено на пареа). Ќе додадете малку блага павлака за готвење за да ја наштелувате густината, мене ми отидоа околу 60мл. Потоа го полните калапот, го мазните со шпатула и го оставате во фрижидер да си дојде на себе.FIC_0129Откако ќе фати форма (после 20-тина минути) го редите со мачмелоу пуфки и на крај како финале ги горите со бренер, ако немате бренер пробајте со упаљач – успева. Доколку не го сервирате веднаш и не се изеде целиот тарт веднаш ќе го ставите во фрижидер, ама кога ќе пробате нареден пат да извадите парче ќе ви биде тешко зошто мачмелоу пуфките ќе ви се лепат на ножот. За да го избегнете овој проблем загрејте го ножот со бренер или со упаљач и немате проблем.

*Мачмелоу-то си ги порачав од интернет. Не знам дали ги има по нашиве продавници.

Направете го и пишете ми како ви излегол. Поздрав! 😉FIC_0138

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар