contact@gotvimesofico.mk

27
ное

Чоколадна пица

Овој рецепт децата го обожаваат! Никогаш не можете да згрешите со оваа пица! 😉

Замесувате тесто од 1кг брашно (по можност тип00), 500мл вода, 20гр свеж квасец, 1/2 пакетче прашок за пециво, 25гр сончогледово масло, 15гр сол и 15гр шеќер.

Откако ќе го замесите ставете го во плех, истопчете го, покријте го со стреч фолија и оставете го во фрижидер да отстои барем 1 час. FIC_0064Потоа топчето отворете го со сукало додека не добиете дебелина од 5мм. Оваа пица не треба да биде многу тенка, така е подобра.

Откако ќе го растегнете тестото избоцкајте го со вилушка за да не се подуе при печење.FIC_0069Го печете во загреана рерна (без вентилатор) на 250 степени додека не добие златеста боја.FIC_0072Откако ќе се испече, премачкајте го со омилениот чоколаден крем, потоа исечете го, па тек на крај наредете банани или овошје по желба.FIC_0076FIC_0081На здравје! 😉

Остави коментар