contact@gotvimesofico.mk

27
сеп

Чоколадни (Фински) крофни

Интересен рецепт, многу вкусен, малку чуден во постапка на припрема, ама успева! :) И што е побитно ќе сакате да го повторите! 😉

Во сад од миксер ставете 4 1/2 шолји брашно, 1/2 шолја шеќер, 1 свеж квасец (40гр), прстохват сол, 1 шолја млеко, 200гр растопен путер, 3 јајца и 3 лажици какао. 

Пуштете го миксерот да измеси меко, компактно тесто. Или ако месите на рака, потрудете се да биде хомогено тесто со еднаква структура.FIC_0318Потоа оставете го да се одмори 3-4 минути и расукајте го во кора со дебелина од 1 сантиметар. Со модла исечете ја посакуваната форма, јас исеков класична форма на крофни, како што си е по оригиналниот фински рецепт.FIC_0323Покријте ги со стреч фолија или било каква пластична покривка. Оставете ги да стасаат околу 45 минути на собна температура.

Потоа испржете ги во дабоко масло загреано на температура од 180 степени. Додека се пржат константно превртувајте ги со лажица за да се испржат еднакво од двете страни.

Откако ќе ги испржите оставете ги да се оладат, потоа посипете ги со шеќер во прав и исцртајте ги со чоколаден сируп и сируп од вишна. FIC_0328На здравје! 😉FIC_0329

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар