contact@gotvimesofico.mk

23
окт

Чоколаден крем со шумско овошје

Ми се пријаде нешто благо, ама онакво чоколадно! Решив да правам чоколаден крем со шумско овошје!

Рецептот е многу лесен и оди вака:

На пареа ќе растопите 300гр квалитетно чоколадо со 50гр путер, откако ќе се растопи комплетно ќе му додадам 250гр маскарпоне сирење. Добро промешајте за да се спои. Имам една тегла слатко од шумски плодови, веројатно ми ја дал некој зошто не сум правел никогаш (не ми текнало). :) 

Јас сервирам во теглички, 2 лажици од чоколадниот крем, па 1 лажица од слаткото, потоа одозгора уште 2 лажици од чоколадниот крем. Лесно и брзо! 😉

Се читаме за некој ден! 😉 FIC_0051

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар