contact@gotvimesofico.mk

27
ное

Чоколадна Торта

Види кога се работи за чоколадна торта јас сум многу едноставен и конкретен! Сакам да биде цела чоколадна! :)FIC_0049Знам дека има доста добри да се купат ама еве ви доста добар рецепт сами да си ја направите и плус можете да си играте со рецептов, додадете си што и да посакате (нормално само чоколадни додатоци)! :)

Екипа! Одиме вака (лижни го моливот и пиши) :)

Прво тестото, одвојте 5 жолчки од 5 белки. Во сад на страна изматете ги белките со 100гр шеќер, плус 1 пактечне ванилин шеќер (за да добиете цврст снег). Во друг сад изматете ги жолчките исто така со 100гр шеќер, плус додадете 4 лажици вода. Во посебен сад спојте (со жица за матење) 100гр брашно, 3 лажици какао со 50гр густин и 1 пакетче прашок за пециво.FIC_0020FIC_0021Со шпатула постепено додавајте од белките во жолчките и споро мешајте (се меша споро за да не се истисне воздухот), откако ќе ги споите додадете ги сувите состојки (на неколку пати) и мешајте за да добиете еднаква смеса. Јас ги додавав преку сеалка за да не ми се направат грутки, па ви препорачувам и вие така да направите.

Ќе добиете лајт крем. Намастете длабоко тенџере со путер и сипете го кремот. Печете на 180 степени (без вентилатор) од 35 до 40 минути.FIC_0026По 40-тина минути пандишпанот ви е готов, оставете го да се олади на собна температура, а потоа ставете го во замрзнувач околу 1 час.

Додека е во замрзнувач во сад за матење изматете еден инстант пудинг од ванила и додадете му 100гр ситно сецкани лешници, 6 лажици од омилениот чоколаден крем, 1 лажица какао (преку сеалка).

Во друг сад изматете 150гр путер (кој претходно го оставивте на собна температура), матете го со 1 лажица шеќер за да добиете пенаста структура. Етапно додадете 4 лажици млеко и матете за да добиете една смеса.

Потоа во путерот додавајте го чоколадниот крем и матете со миксер за да добиете хомогена смеса. Не се секирајте што можеби ќе биде малку мек кремот, откако ќе ја ставите тортата да се лади путерот ќе стегне и нема да имате проблем. 😉

Извадете го тестото од замрзнувач и исечете го на половина водорамно. Најлесно е со конец, не може да ви избега и секогаш ќе добиете рамен пресек. Меѓутоа кој сака може и нож.

Исфилувајте ја првата кора со три четвртини од кремот а со остатокот исфилувајте ја одозгора и од страна. Ќе добиете нејкед, рустична торта и сеа можете да ја украсите како што сакате!FIC_0033Јас одозгора ставив чоколадирани, дехидрирани зрна од ориз и плус додадов лушпи од чоколадо кои ги направив со нож и обично млечно чоколадо.

Најдобро е да ја оставите преку ноќ да одлежи во фрижидер, ќе стане покомпактна за сечење и многу повкусна за јадење.FIC_0051Совет: Можете тестото да го попрскате со рум или некој ваш омилен ликер. Ќе биде бомба! 😉

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар