contact@gotvimesofico.mk

17
апр

Пилешки стек со зеленчук

Ми се пријаде нешто лесно и решив ад го направам ова супер вкусно јадење! Потребно ви е многу кратко време, а резултатот е перфектен! 

250гр пилешки стек исецкајте го на три дела по широчина, оставете ги цели парчиња, таа ќе биде повкусен. Ставете го да отстои во малку јогурт – околу 2 часа. Потоа посолете го и наросете го со црн бибер.

Крошни од брокула да се провари во вода што врие – многу кратко, 10 секунди. Во водата во која сте ги обариле крошните од брокула ставете да се развари 1 компир исечен на коцкички со дебелина од околу 2 сантиметри. Потоа крошните од брокула ставете ги да се пропржат на путер околу 1 минута. Додадете го и компирот и додадете ситно сецкано стракче од млад кромид.

Во исто време на друга рингла ставете тавче со путер и пропжете го стекот вртејќи го повеќе пати.

Сервирајте го стекот врз зеленчукот а одозгора прелејте го со благ чили сос и малку печен сусам! Топ оброк! 😉FIC_0104

Остави коментар