contact@gotvimesofico.mk

20
мар

Сендвич со печен пилешки стек

Се враќав накај дома и поминав од една пекара во која забележав супер кифли, али кифли ко кифли не се многу интересни, али ја во секоја кифла гледам потенцијал за некој добар сендвич. Па така купив кифла што ќе ми замени лепче за сендвич, значи обична солена, празна кифла. FIC_0082Дојдов дома, испеков 2 пилешки стекови во рерна и ги исецкав ситно, ги помешав со 4 лажици барбиќу сос, 1 лажица крем сирење, 2 лажици мајонез, 1/2 лажичка димена сол, сок од 1/3 лимета и малку црн бибер, немав кисели краставички ама мислам дека супер ќе одат во оваа комбинација. 😉

Ја исеков кифлата по должина, долната страна ја намачкав со песто, а горната со дижон сенф. Како подлога наредив листови од марула путерка, па потоа ставив од пилешката мешавина и одозгора наредив тенко исецкан црвен кромид. Затворам сендвич го сечам на пола и го сервирав со сосче од 3 лажици павлака, 1 лажица мајонез и црна сол – свежо сосче бе! :)FIC_0083И тоа е тоа, брз сендвич, топ сендвич! 😉FIC_0080

Остави коментар