contact@gotvimesofico.mk

30
јун

Салата со пилешки гради

Дојдов дома и ми се пријаде салата бе…! :) Решив да си направам една мераклиска! :)

Два пилешки стека ги посолувам и ги наросувам со Гарам Масала зачин (го има во сите поголеми маркети). Ставам едно 20гр путер околу, 3 лажици маслиново одозгора и ги ставам во рерна на 200 степени едно 30 минути.FIC_0004Додека се пече месото спремам салата од млада рукола (како база), од страна редам резниња од половина авокадо, тенко исецкана една блага пиперка, кругови од црвен кромид и перца од 1 младо кромидче! Зачинувам со квалитетно маслиново масло и бел балсамико оцет, малку сол. И го чекам месото! :)FIC_0025Месото испечено го ставам одозгора и моментално седнувам да јадам! :) На ова топло салатава топ ми доаѓа! 😉FIC_0019

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар