contact@gotvimesofico.mk

11
јул

Пилешки гради со сенф и сусам

Денес лабав ручек али многу вкусен! Се работи за порција пилешки гради со сос од сенф.

Значи ќе набавите крупни пилешки гради и ќе ги сварите во вода, меѓутоа во водата во која се варат ќе спуштите 5 кесички чај од мајчина душица.

Откако ќе се свари стекот ќе го исечете на медаљони и ќе го ставите да се продинста на путер. Откако ќе почне да се загрева тавата со пилешкото додадете 1 голема полна лажица со сенф и мешајте заедно, додадете малку од водата во која се вареле стековите. По 1 минута додадете млечна крем павлака за готвење, промешајте околу 1 минута и потоа додадете сусам кој претходно сте го запекле малку за да го ослободи вкусот.

Сервирајте и послужете додека е топло. Јас декорирав со крем балсамико со инфузија од црн тартуф – омилено ми е и може да се најде по нашите маркети.

Поздрав екипа! Се читаме за кратко! 😉FIC_1025

Остави коментар