contact@gotvimesofico.mk

31
мај

Таљатели во пилешки Алфредо сос

Ви се јаде паста? Епа ова е еден од подобрите класици што е многу лесен за спремање, а воедно многу вкусен. Ќе набавите квалитетни Таљатели (400гр) ќе ги сварите “ал денте”, а во меѓувреме во тавче ќе ставите на тивко да се пропржи 1 чешне лукче заедно со 300гр пилешко месо исечено на тенки парчиња. Ќе им додадете 150мл млечна павлака за готвење и заедно ќе промешате да се спои сосот. Зачинете го и посолете го по вкус. Додадете околу 30гр рендан пармезан во сосот и промешајте.

Откако ќе се развари пастата додадете ја во сосот притоа додадете малку и од водата во која се варела пастата. 

Промешајте и во последното мешање додадете 1/2 китка сецкан магдонос.FIC_0851Сервирајте со пармезан одозгора и со малку ситно сецкан магдонос. 

На здравје! 😉

Остави коментар