contact@gotvimesofico.mk

06
јун

Чизкејк

Многу добар рецепт и пробан од многу мои блиски пријатели. По стотици проби решив да ви го дадам рецептот за мојот перфектен чизкејк! 😉FIC_0268Ќе купите 250гр од вашите омилени бисквити, ситно ќе ги измелете во блендер, потоа ќе им додадете 100гр растопен путер (несолен). Додавате ½ лажичка цимет и мешате со лажица додека не добиете смеса со доволна густина за да можете да ја “изградите” рамката за чизкејкот. 😉

Потоа смесата ја оформувате во калап со големина од 24 сантиметри. Оформената рамка ја оставате во замрзнувач едно 15 минути. Ја вадите од замрзнувач и ја премачкувате (на дното) со чоколаден кремсир (ги има веќе по сите маркети).FIC_0253Вака спремената подлога ја оставате во фрижидер додека ја спремате смесата за полнење.

Во сад за матење ставате 350гр крем сирење, 2 лажици шеќер во прав, малку ванила арома и 250мл кондензирано млеко. Го пуштате миксерот на средна брзина за да се спојат состојките. Доека ги мати во мало тенџерче ставате 4.-5 лажици вода со една кесичка говедски желатин.FIC_0255Желатинот секогаш го растопувате во ладна вода и го ставате да зоврие – само тогаш се активира.

Потоа го додавате во смесата која се мати во миксерот. Откако ќе се спои смесата, го гасите миксерот и го полните калапот со оформената рамка за чизкејк. Вака скоцкан го ставате во фрижидер да се спои (околу 2-3 часа). Потоа го послужувате со саканото овошје или чоколаден прелив. Јас го послужив со слатко од дива брусница – топ е и го обожавам! 😉FIC_0275

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар