contact@gotvimesofico.mk

08
јан

Колач од моркови

Кога ќе најдам добри моркови обично купувам поголема количина. Шо купив-купив :) ама не можеме да ги дојадеме! :)

Решив да склопам колач од моркови! Одличен десерт кој дури и Максим го бендиса! :)FIC_0405Рецептот оди вака:

Во сад за матење ставете 4 јајца, 2 шолји шеќер, 2 лажички ванила арома, 1 1/4 шолја сончогледово масло и 1/3 лажичка сол. Изматете ги додека не добијата пенаста структура. Потоа додадете 2 шолји брашно, 2 лажички сода, 2 лажички прашок за пециво и 2 лажички цимет. На крај додадете 3 шолји рендан морков и промешајте да добиете еднаква смеса.FIC_0396Сипете ја смесата во нелепливо тавче за печење и печете 50 минути на 180 степени. Потоа извадете го тестото и ставете го на решетка добро да се олади.FIC_0399Во меѓувреме изматете крем од 40гр путер (на собна температура), 2 шолји шеќер во прав, 4 лажици млеко и 1 лажичка ванила арома.FIC_0400Премачкајте го колачот со кремот и наросете го со цимет. FIC_0401Фантазија! 😉FIC_0402Дури и Максим не можеше да му одолее… :)FIC_0411FIC_0406FIC_0407

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар