contact@gotvimesofico.mk

06
јул

Капрезе салата

Капрезе е уствари наједноставната салата во која ви се битни само квалитетот на состојките! Од причина што Македонија има многу добар домат, Капрезе е на високо место на најпродавани салати кај нас! 

Рецепт скоро и да нема, најбитно е сите состојки да се со висок квалитет, инаку нема да искусите ништо посебно.

Добар домат, скопски јабучар го сечете на кругови. На кругови сечете и топче моцарела, најчесто се во пакување од 125гр. Доколку сте во можност да најдете Бафало моцарела, тоа е тоа! :) Сте успеале во животот! :)

Редите ред домат, ред моцарела, а врз секое парче домат можете да ставите ливче босилок или да намачкате квалитетно песто – тоа е ваш избор. Јас повеќе сакам со свеж босилок, некако ми е по лајт! :)

Потоа одозгора посипувате со квалитетно маслиново масло, што пробав едно домашно Истарско, чоече да не ти се верува каков вкус има…! Лудило! 

И на крај јас сакам малку балсамико крема. Многумина не ја ставаат во оваа салата, меѓутоа мене ми се допаѓа оваа комбинација. Имам дома зреено балсамико крема, има благуњав вкус и совршено се вклопува со сите состојки! 

Сите врвни состојки ја прават оваа салата една од најпродаваните низ светот. Не верував додека не ја пробав вистинската комбинација! 😉

Пробајте и пишете ми на фејсбук дали Капрезе е вашиот избор…! 😉 Поздрав! Kapreze_editovana flašica

Остави коментар