contact@gotvimesofico.mk

24
мај

Колачот на Блага

Имам колешка на работа и ми вика: Фичо сакаш да ти покажам еден колач?! И ја и викам ајде бе Баѓе! Праење женава колач ме седна на земја! :) FIC_0217И ја напнав да ме научи како да го направам и еве веќе некое време нон стоп имам на лагер од истиот! :) 

Лесен е и на секој може да му успее! 😉FIC_0218Во сад за матење ставате 3 јајца, 2 шолји шеќер, 2 лажички ванила арома, 1 шолја сончогледово масло, 1 шолја кисело млеко, 1 пакетче прашок за пециво, 3 шолји брашно. Го матите и ќе добиете густа колач смеса. Зимате калап за куглоф го намастувате со путер и го полните со смесата, е сеа Баѓе вика внатре можеш да ставиш што сакаш. Ја ставив малку слатко од кора од портокал (100гр), некое оревче ситно сецкано(100гр) и сецкано чоколадо (100гр).

Печеш на 200 степени едно саат време. Зависи како ти пече рерната. За да бидете сигурни проверувајте со чечкалица. На крај го наросувам со шеќер во прав.FIC_0219Мене ми излезе ненормално добар и вкусен.

Чекам резултати да видам како ви излегло. 😉

Остави коментар