contact@gotvimesofico.mk

14
јун

Брускети

Фудбалот кај и да е ќе почне, се собирате пред ТВ и нормално ви треба мезенце! :) 

Што правите, багет леб го сечете на косо и кришките ги ставате да се потпечат во рерна за да бидат криспи.

Секое лепче го мачкате со Песто сос, сецкате шери домати на четвртини – тие одат врз пестото и одозгора ставете завиткани фишечиња од говедска пршута.

Тоа е тоа господа! :) Уживајте и кажете за кого навивате?! :)FIC_0946

Остави коментар