contact@gotvimesofico.mk

19
окт

Руски Борш

Одлично руско јадење! Се работи за рецепт помеѓу супа и гулаш, ама не е ни тоа, ни тоа! :) Многу вкусно јадење што можеме да го ставиме на нашето мени! :)FIC_0023Значи почнувате со големо тенџере во кое ќе исецкате 2 моркови, 1 корен од пашканат, 1 корен од целер, 1/4 зелка, 1 мала глава црвен кромид, 6 чешниња лукче, 2 помали компири, 1-4 китка копар, 1/2 китка магдонос и 600гр телешка плешка. Сите состојки ќе ги запржите на маслиново масло и малку путер, откако ќе добијат стаклест изглед ќе го залеете со говедски бујон околу 3л. Во супата ќе додадете 3 ловорови листови, малку бибер, сол по вкус и 4 лажици доматно пире, потоа ќе го оставите да врие околу 40 минути.

Откако се добро ќе се развари ќе додадете 1 помало рендано цвекло и ќе оставите да се провари околу 15 минути. Доколку е потребно повеќе варење продолжете го уште 20-тина минути. 

Добивте црвенкаста густа супа која се нарекува Борш, одлично јадење кое се сервира со 1 лажица кисела павлака и малку свеж копар. FIC_0024На здравје! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар