contact@gotvimesofico.mk

26
јул

Салата со плаво сирење

Затопли времево па може наместо класичен оброк да си дозволиме некоја салатичка! 😉FIC_1051Ќе исецкате третина од главица ајсберг салата – ја обожавам оваа зелена салата зошто е крцкава и многу сочна! Ќе ја полиете со дресинг од 1 лажица мајонез измешан со 1 лажица балсамико оцет, сол, 4 лажици вода од кисели краставички и малку бибер.

Добро ќе ја измешате за да се спои со дресингот. Потоа ќе додадете шест маслинки, дробено плаво сирење и домат. Доколку сакате да експериментирате можете да додадете и сушена брусница, топ се вклопува! 

Додадете малку квалитетно маслиново масло одозгора и сервирајте.

Одлична оброк салата што ќе ве држи сити подолго време. 😉

Остави коментар