contact@gotvimesofico.mk

31
мај

Блек Ангус рибај стек

Кога збориме за квалитетно и вкусно месо, јас дефинитивно би одбрал рибај пред бифтек! Зошто? Од причина што збориме за месо кое има доволно мрснотија за да биде вкусно, меко и сочно. Уште ако е спремно како што треба… е тогаш е полн погодок! 😉

За да немате проблем следете го рецептов и немате утка. Јас одбрав Рибај од Блек Ангус (со дебелина од околу 3 сантиметри). FIC_0105Посолете го и наросете го со црн бибер, протријте го и оставете го стои на собна температура околу 1 час (само да не е на сонце и собната температура да не е над 25 степени – не зезајте нејќам да се поквари месово! :) ). 

Потоа ќе загреете тава на висока температура, ќе го положите стекот и ќе го печете од секоја страна по 4 минути. Откако ќе го превртите од двете страни ставете 1 лажица путер и 2 чешниња лук и прелевајте го со растопениот путер.FIC_0110Многу битно, многу битно е откако ќе го испечете да го оставите да одмори околу минута. Со тоа што го оставате да се одмори му помагате да се створи сочност низ целиот стек, тоест на тој начин се изедначуваат соковите во месото, па така имате посочен стек! 

Јас го сервирав со Барбиќу сос, Самбал Олек (лут сос) и сос од Горгонзола сирење. Како финале ставив Алфа Алфа никулци! На здравје! 😉FIC_0127

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар