contact@gotvimesofico.mk

10
мај

Таљата бифтек со сос од Горгонзола

Бифтече класика, парче од околу 300гр (по човек) го ставате да се пропржи на многу загреана тава, еднакво од сите страни. Е сеа многу е битно кога спремате бифтек да биде правилно зготвен, од многу готвачи ќе слушнете дека месото се врти само еднаш, јас не се согласувам со тој став од логична причина. Кога ќе го оставите парчето месо на температура сите сокови одат нагоре и на крај испаруваат, па на крај ризикувате да добиете суво парче месо. За да не се случи тоа ќе треба да го превртувате месото често за да ги задржите сите џусеви во центарот на парчето и секогаш, ама секогаш на крајот од готвењето треба да го оставите бифтекот малку да одмори за сите сокови да се распоредат еднакво. Јас бифтекот го сакам средно печен. Таков ми е највкусен. Го печам во тава од сите страни и го завршувам во рерна, 6 минути на 200 степени. Во рерна обавезно го китам со парче путер одозгора (полека да се растопува врз месото).FIC_0049Додека е месото во рерна ги спремам додатоците. Во мало тенџерче ставам 30гр путер и му додавам 1 лажица брашно да се пропржи. Внимавајте да не изгори брашното – доволно му е кога ќе почне да менува боја, само да добие нијанса на лешник.

FIC_0031FIC_0033Потоа додавам 350мл млеко и 60гр зреена Горгонзола и мешам додека не се спои сосот, го зачинувам со мускатно оревче и 1 лажичка масло со мирис и вкус на бел тартуф. Додека го спојувам сосот, паралелно во друга тава ставам 3 парчиња млад аспарагус да се продинста на путер. Аспарагусот го сакам ал денте.FIC_0056Бифтекот е веќе добро спремен, го вадам од рерна и го оставам 3 минути да се одмори. Го сечам на ленти (таљати) и го полевам со сосот од Горгонзола и маслиново масло со бел тартуф.FIC_0055Одлично парче месо, перфектно зготвено! FIC_0086

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар