contact@gotvimesofico.mk

31
јул

Банана Леб

Абе види, западниот свет го вика банана леб (banana bread) јас би рекол банана колач. Ок изгледа како леб ама вкусот му е како на колач, меѓутоа малку специфичен – не можам да ви го доловам со зборови, ќе морате да го пробате овој рецепт! 😉FIC_0017Да бидам искрен рецептов е најбоље коа ќе ти останат банани по дома што веќе промениле боја, да не се укапираме погрешно, некои луѓе ги јадат и потемнети, јас сакам кога се светло жолти-зелени.

Значи ви требаат околу 800гр омекнати банани (излупени). Ќе ги изгмечите со вилушка тоест ќе ги испасирате. Потоа ќе им додадете 2 јајца и ќе изматите со миксер за добро да се спојат.

Во друг сад ќе споите 2 шолји брашно, 1 лажичка прашак за пециво, ½ лажичка сода, прстохват сол, ¾ од шолја кафеав шеќер и ½ шолја стопен путер.

Ќе направите смеса која е леплива. Ќе намастите калап (со путер), јас користам алуминиумски калап за правоаголен колач, му ставате хартија за печење (на долгата страна).FIC_0003Печете околу 70 минути, на 175 степени (без вентилатор).FIC_0022*Ако наместо путер ставите маргарин и наместо јајце ставите 1 лажичка мелено ленено семе, рецептот ќе биде посен! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар