contact@gotvimesofico.mk

17
дек

Погача Снегулка

Оваа погача ја обожавам, чудно секогаш ја правам кога сум празнично расположен и тоа скоро секогаш пред нова година! 😉 FIC_0292Ќе замесите тесто од 500гр брашно, 200мл млеко, 100мл сончогледово масло, 1 јајце, 1 белка од јајце (оваа жолчка ќе ја зачувате за да ја премачкате погачата одозгора), 20гр свеж квасец, 1 лажичка шеќер и 2 лажички сол.FIC_0238Оставете го тестото да стасува околу 1 час на собна температура.

Потоа поделете го на два дела и расукајте го во две кори (во кружна форма). Во плех за печење постелете хартија за печење и положете ја првата расукана кора. Премачкате ја со полнеж составен од 200гр ситно сецкана димена печеница, 3 лажици доматно концентрирано пире, 150гр кисела павлака, 3 лажици песто, 1/2 лажичка морска мелена сол и 1/3 лажичка лук во прав.FIC_0263Потоа одозгора ставете ја другата кора. Означете го центарот со некаков кружен сад – може и со чаша. Со остар нож сечете до кругот – поделете ја на 16-тини (како подоле на сликата).FIC_0266Потоа секој крак изротирајте го два круга во место. (како на сликата подолу).FIC_0269Потоа спојте ги секои два крака (како на сликата подолу), премачкајте со жолчката што ви остана и наросете со интегрален сусам и ленено семе.FIC_0271Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути (без вентилатор) – вентилаторот можете да го уклучите на крај за да додадете боја на снегулката. 😉FIC_0290FIC_0288

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар