contact@gotvimesofico.mk

15
јан

Печени лепчиња со горгонзола и пармезан

Ако ви останал леб од вчера, овој рецепт ќе ви биде добредојден! 😉 FIC_0455Мене ми остана една мала чијабата, ја исеков на половина. Во сад на страна изматив 2 јајца со 1/3 од шолја млеко. Лепчињата спуштете ги во садот со изматените јајца и млеко и оставете ги да ја впијат целата течност.

Наросете ги со црн бибер и положете ги на хартија за печење, одозгора ставете издробена горгонзола и изрендајте околу 60гр пармезан. На крај можете да им додадете малку сушен босилок.FIC_0453Ставете ги во тавче за печење и печете ги околу 8 минути на 200 степени. Околу 6-тата минута пуштете вентилатор, доколку немате таква опција печете ги плус уште две минути.

Добивте одлична, превкусна закуска! FIC_0458

 

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар