contact@gotvimesofico.mk

07
авг

Аранчини

Аранчини е традиционален италијански рецепт кој можете да го порачате во било кој ресторан низ Италија. Јас ќе ви доловам како да го направите по дома! Ништо страшно! :)FIC_0115За почеток ќе ставите на 40гр путер да се пропржат 4 стракчиња младо кромидче и 1 стракче младо лукче (претходно ситно исецкани). Ќе додадете 2 лажици маслиново масло и ќе пржите додека не се глазира. Потоа додадете 170гр Карнароли ориз и пржете го додека не ги упие сета маснотија. Откако ќе добие стаклест изглед додадете 60мл бело вино (шардоне по можност) и гответе додека не испари алкохолот.FIC_0082FIC_0087На страна ќе спремите бујон од 500мл вода, 1 коцка за пилешки бујон и 0,065гр мелен шафран (едно пакетче од овој шафран е спакувано во 0,125гр). Ќе го промешате и ќе добие жолтеникаво, црвена боја. Потоа со кутлача ќе додавате од бујонот се додека не го зготвите рижотото (ал денте).FIC_0089На крај додавате 50гр рендан Пармезан и промешувате да се спои.FIC_0095Потоа оставете го да се олади и со ракавици формирајте топчиња (од оваа количина јас направив 5 комада) со тоа што во средината ќе ставите коцка козјо тврдо сирење (мене ми е тоа омилено, вие можете да ставите какво што сакате, само немојте бело класика овчо зошто ќе се растопи комплетно).FIC_0099Потоа спремете три чинии, во првата ставете презла, во втората ставете брашно и во третата изматете 2-3 јајца (додадете прстохват сол). Секое топче извалкајте го прво во брашно, па во јајце, па во презла.FIC_0101Пржете ги во загреано масло (препорачувам на 175 степени доколку имате кујнски термометар).FIC_0105FIC_0107Сервирајте ги по желба. Јас ги сервирав со кора од лимон и кавијар од маслиново масло.FIC_0129

  • Кавијарот од маслиново масло е многу интересен рецепт кој имам намера да ви го пренесам наскоро.
You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар