contact@gotvimesofico.mk

18
мај

Аранчини

Се работи за италијански класик! Многу вкусно рецептче! Многу добро изгледа и ќе им се допадне на целото семејство! 😉

Јас го служам најчесто како топло предјадење, а за да го спремам на рингла ставам тенџерче во која запржувам (со маслиново) 30гр ситно сецкан кромид додека не добие стаклест изглед, потоа додавате ситно сецкани 2 чешниња лук, малку сол, бибер и заедно динстате околу 3 минути. Потоа во истото тенџерче додавам 100гр ориз од сортата Карнароли. Можете да додадете и Арборио (доколку не најдете Карнароли). Малку се запржува оризот за да ги впие маснотиите и соковите од кромидот и лукот. 

Потоа додадавајте малку по малку околу 400мл зеленчуков бујон. Мешајте и гответе додека не го искористите целиот бујон. На крај додадете 40гр путер и мешајте додека не се стопи, потоа тргнете го тенџерчето од рингла и додадете 30гр рендан пармезан. Мешајте за да се растопи пармезанот и оставете ја смесата да се олади. 

Откако ќе се олади формирајте топки со големина по ваша желба меѓутоа гледајте да не преминат 100гр зошто постои можност да се распаднат. Доколку сакате поголеми ќе морате да додадете повеќе пармезан.Arancini1Потоа секое топче аранчини панирајте го во брашно, јајце и презла. Испржете го кратко во загреана масло на 175 степени. Arancini3Послужете ги врз доматен сос зачинет по ваш вкус. 

Соберете ги најблиските на вечера и стартувајте ја со овој одличен рецепт! Верувајте дека на сите ќе им се допадне. 😉 Не заборавајте жеддта да ја изгасите со добро изладена Кока Кола. 😉

Се читаме за кратко! 😉Arancini5

 

Остави коментар