contact@gotvimesofico.mk

04
сеп

Чоколадни Колачи

Конечно го имам најдобриот рецепт за овие ненормално добри колачи! :) Можете да ги најдете под името “Американски колачи” али ја ќе ги наречам Чоколадни колачи! Откако ќе ги пробате верувам дека ќе се најдат на секојдневното десертно мени! 😉FIC_0068Рецептот оди вака, прво во сад за матење ќе ставите 2 шолји и 2/4-тини од шолја бел шеќер, ќе додадете 1 шолја кафеав шеќер, потоа 1 лажица ванила екстракт, 250гр растопен путер, 2 јајца, 2 лажички сода и малку сол (1/2 лажичка). Ќе ги изматите за да добиете хомогена смеса. Потоа ќе додадете 4 шолји чоколадни капки (кај што ќе купувате ќе барате да бидат термостабилни, за да не се растопат) и полека ќе додавате 4 ½ шолји брашно. Се заедно ќе измешате за да добиете леплива, масна смеса од која ќе формирате колачи.FIC_0061FIC_0065Едно колаче ви е една лажица од смесата, го формирате прво како топче, па потоа ќе го сплескате и ќе ги наредите на хартија за печење. Печете 9 минути (без вентилатор) на 190 степени.FIC_0059Откако ќе ги испечете ќе ги оставите да се оладат во плехот, доколку се обидете веднаш да ги извадите ќе ви се растурат зошто ќе бидат сеуште меки. Тоа да не ве плаши, ќе ви изгледаат како недопечени, меѓутоа добри се, само треба да се оладат. 😉FIC_0094FIC_0073Децата ги обожаваат! 😉FIC_0077 2

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар