contact@gotvimesofico.mk

20
сеп

Леб со млеко од бадем

Овој рецепт е нешто посебно, не е само обичен леб, туку се работи за деликатесен производ кој е наменет за префинети вкусови! 😉

Во голема вангла ќе ставите 500гр брашно тип400, ќе додадете уште 200гр интегрално брашно, ќе додадете 1 лажичка сол и 1 лажичка шеќер, се заедно ќе измешате со жица за да се помешаат сувите состојки. Потоа ќе додадете 100мл полномасно млеко, 200мл млака вода и 100мл млеко од бадем (го има во сите поголеми маркети и во продавници за здрава храна), потоа додавате 30мл сончогледово масло, 40гр свеж квасец (тоа ви е една коцка). Квасецот можете да го растворите во млаката вода, а можете и ситно да го искршите во тестото и да месите малку подолго. Ќе замесите фино, мазно тесто, ќе го покриете со стреч фолија и ќе го оставите да стасува на собна температура околу 1 час.FIC_0262Потоа ќе го размесите, ќе оформите повторно топка и ќе го оставите да стасува уште 45 минути.FIC_0263Откако втор пат ќе стаса, го размесувате, го оформувате во топка и го ставате во тавчето во кое се предвиделе дека ќе го печете. Матите едно јајце и го премачкувате лебот одозгора, потоа го налепувате со сусам.FIC_0264FIC_0265За финалниот дел јас користев класичен жилет. Ќе го исечете со плитки резови како што сакате. Потоа повторно го оставате надвор да стои околу 25 минути и го ставате да се пече на 200 степени (без вентилатор) околу 30 минути.FIC_0271Најдобро е да го конзумирате со путерче и квалитетна сол (fleur de sel). Поздрав до наредно готвење! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар