contact@gotvimesofico.mk

28
дек

Периодов е измислен за погача! Барем кај мене дома секогаш во овој период имало погача! У најмала рака кифлички! :) Тука е и госпожа руска салата која верувам дека е дел од многу трпези! 😉

Е, во денешниов рецепт ќе ви објаснам како да ја направите најдобрата погача на светот и тоа по рецепт на мајка ми! Мајка ми за погачи е доктор (и за кифли)! 😉

Да не се разбереме погрешно, за месеници треба да имате “фат”, не секој може да замеси добро пециво. Значи се работи за понапреден рецепт. Џабе не викаат тешко е да замесиш добар леб, мајсторија е! 😉

Јас ги тренирам уште од дете и сеуште ми се случува да ги утнам. Овој пат ми излезе перфектно!18smallРецептот оди вака:

Во сад за месење ставате 600гр брашно заедно со 1 полна лажичка сол. На страна ставате 100мл млако млеко со 40гр квасец (една коцка свеж), 1 лажица брашно и 1 лажичка шеќер. За некои 10/12 минути квасецот ќе почне да ферментира, да се развива, ќе го ставите во садот со брашното и ќе додадете уште 200мл млеко, 100мл сончогледово масло, 1 јајце + 1 белка (жолчката ќе ја искористите да ја премачкате погачата пред печење) и 1 лажица јаболков оцет.

Замесете фино тесто со еднаква структура и оставете го да стаса околу 45мин (до 1 час) на собна температура.

*За да ја направите посна, скокнете го јајцето и наместо млеко, користете млака вода.

Потоа поделете го на топчиња (зависно колкава ви е тавата за печење), секое топче расукајте го, намачкајте го со путер и завиткајте го во вид на полжавче, вака наредете ја целата тава, со тоа што нема да ги збиете полжавчињата за да имаат простор да стасаат уште еднаш. fic_0002Откако ќе ги наредите (со по еден прст простор меѓу секое полжавче), оставете ја да стаса погачата околу 30 минути. Пред печење намачкајте ја со жолчка од јајце и наросете ја со сусам. Печете на 200 степени околу 25/30 минути (зависи како ви пече рерната).20smallРелаксирајте се и уживајте! 😉

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар