contact@gotvimesofico.mk

22
дек

Јајчарник

Станувам сабајле, ми се јаде нешто, а да не е тост или сендвич! Отварам фрижидер и гледам едно десетина јајца ми се маткаат, милиони состојки за детска храна што ги набавува Ивана за малиот, али меѓу нив гледам карфиол.

Решив да пробам да направам еден француски класик, го немам правено не памтам од кога, дури и оригиналното име му го имам заборавено. Али не е битно името, битно е што ми се направи ќеиф што ќе зготвам нешто што ми дојде од меморија.

Поентата во готвењето е со зготвеното да вратиме некој вкус што не потеќа на некој убав момент од минатото…fic_0052Па рецептот оди вака:

6 јајца ќе ги изматите (рачно со жица) до пенаста структура, ќе додадете ½ лажичка сол и ќе матите уште малку. Потоа додадете 4 лажици сончогледово масло и продолжете да матите. Додадете 4 лажици палента и матете за да се спои смесата.

Карфиолот искршете го на еднакви крошни.

Сипете ја смесата од јајца во нелеплива тава (помала – 24ка, намастена со путер) и одозгора наредете го карфиолот. Ставете ја тавата да се пече на 200 степени, околу 25 минути. fic_0049Резултатот е фантастичен!fic_0056

 

4 Коментари

  1. Зорица Јанкуловска

    Секоја чест за интересните рецепти, редовно ве следам со вашите постови и ви ја поздравувам иницијативата! Морам да искоментирам точно за овој рецепт поточно за името Јајчарник. Крушевските Влаинки подготвуваат рецепт Јајчарник и така е познат традиционално кај нас. Јајчарник е десерт – благо со кори, млеко, јајца, шеќер, ванилин шеќер. Поздрав!

  2. Аница

    Се мислам за варијанта наместо карфиол, бланширан прокељ или брокула.

Остави коментар