contact@gotvimesofico.mk

22
ное

Шарен Колач

Овој колач е еден од безвременските рецепти на Шеф Алан Дукас! Во светот овој тип на колач можете да го најдете во различни големини/дебелини и под различни имиња. Најчесто се среќава под навизот зебра колач! Во Француските стари книги/готвачи можете да го сретнете како “Gâteau marbré” или “Marble Cake” на интернет. Како и да го крстите нема да згрешите. Јас му го дадов името шарен колач. 😉fic_0499За почеток ќе си направите припрема за да нема утки понатаму во рецептот. Секогаш кога се работи со пецива нема импровизација, мора да следите точен рецепт! Па овој рецепт оди вака:

Матите 2 јајца (на собна температура) со 200гр шеќер, матите (со миксер на средна брзина) додека не побледи смесата. Потоа додавате 4 лажици кисела павлака, потоа 120мл сончогледово масло, па откако ќе се спои смесата додавате 1 лажичка ванила екстракт и 1 лажичка сок од цитрусно овошје (јас додадов сок од лимон). Потоа додавате 200гр сеено брашно, ½ лажичка прашок за пециво и прстохват сол. Се заедно матите додека не добиете хомогена смеса. Потоа ја делите смесата во два еднакви садови, во едниот додавате 1 лажица какао и мешате фино лепо да се спои. Потоа во тавче (не лепливо) ставате една лажица од едната смеса, па врз неа лажица од другата смеса и така ја повторувате постапката се додека имате колач смеса. Откако ќе ги сипете смесите, со дрвено стапче повлекувате линии како би направиле надворешен изглед на цвет (ова е опционално).fic_0496fic_0506Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути (без вентилатор). Потоа извадете го колачот малку да се подолади, па извадете го од тавчето и оставете го да се лади на решетка за да формира фина кора. Можете да го послужите со различни кремови зошто сепак се работи за базичен колач кој би го трпел секој крем. Јас го посложив со пудинг од чоколадо и карамел и лушпи од бадеми. Али не е лошо и така клот да го кркате уз кафе или добро изладена чаша Кока Кола! 😉 Се читаме за кратко!fic_0509fic_0502

Остави коментар