contact@gotvimesofico.mk

08
ное

Јуфки со путер

Мајка ми ги прави најдобрите јуфки на светот! Пред три дена најдов домашни јајца и ја искористив приликата да замесам јуфки со мајка ми! Испаднаа многу добри ама многу малку. Наредна прилика кога ќе најдам домашни јајца ќе склопам рецепт за јуфки и ветувам дека ќе ви ги предадам! 😉fic_0445На ова врнежливо време, прво на што ми текна е јуфки со пржени трошки и путер!

Па така ставив да се разварат во солена вода околу 3 минути, во тавче препржив трошки од јуфките ги исцедив варените јуфкички им додадов путер (30гр), ги измешав со препржените трошки и добив топ лапачка!fic_0441

  • Уште и сиренце ако им додадете, ммхмхмхмхмхм…! 

Ова не е рецепт само потсетување на јуфките како институција во Македонија! :) Јуфки, како некогаш…! 😉fic_0454fic_0451

4 Коментари

  1. Magdalena G.

    Prv pat u zivot pisuvam komentar, poima neam so ke izleze, ama mnogu me interesira receptot za francuskoto pate, barav po receptive, ama ne uspeav da najdam. Inaku jufka e prava stvar. Jas se pravam vo isto tendzere. Malku puter zagrevam so maslinovo, za da ne zagori puterot i stavam kolku edna raka jufki (merka na tipicna makedonska domakinka) ;), da zarumenat. Koga ke zarumenat dodavam eden shol ladna voda, i chekam da zovrie, posle stavam jufki okolu 200 gr. i varam dur ne ja vpijat technosta. Posle sekoj po zelba, parmezan rendan, pesto sos, sirenje, na koj so mu dusa saka… Imas samo edno tendzere za mienje, ti teknue, mora da se shtedime 😉 Inaku super si gotvis, so mnogu pozitivna energija.

    1. Супер што го кршиш ледот на мојот блог, баш ми е ќеиф! 😉 Види јуфки во МКД се рецепт што не учат уште од раѓање! :) Секој си има свој рецепт и некако магично сите рецепти се ок! Да ти кажам ретко кога ми останува само една компонента за миење, обично имам доста работа кога готвам, меѓутоа тоа е дел од работата, а педантноста е одлика само на врвните готвачи! 😉 Ако успееш да си ја организираш работата за да извалкаш помалку садови тоа е плус за тебе! 😉 Поздрав и чекам да прочитам повеќе коментари од тебе! 😉

      1. Magdalena G.

        Апсолутно се согласувам. Во иднина и мојата цел е блог со рецепти, само малку тешко оди со 8 месечен јунак :) во секој случај има некоја чудна поврзаност на правниците со готвењето, и јас сум во истата “каша”. А рецептот за патето каде можам да го најдам? И дали мора да се користи бренди, оти прочитав 1000 рецепти каде што се става.

        1. Имам и јас еден 9 месечен јунак! :) Рецептот со патето го има на блогот во делот на предјадења. Околу коњакот во патето… ништо не мораш, се става заради пикантниот вкус што му го дава. Инаку ќе добиеш вкус како на паштета. Пате како пате е француски марифет и французите го прават со коњак, затоа така останало. Доколку не ти прија коњакот, слободно избегни го. 😉 Поздрав

Остави коментар