contact@gotvimesofico.mk

17
мај

Јунешки бифтек со сос од Рокфорд сирење

Вакви рецепти не се прават секој ден, али коа ќе ги правите мора да бидат перфектни! 

Па затоа ќе набавите парче јунешки бифтек (можете и телешки, али е многу поскап и тешко се наоѓа) од околу 300гр, ќе го маринирате во маслиново масло, ворчестер сос и сол. Во оваа маринада мора да стои, минимум 24 часа, а максимум 48 часа (во фрижидер, нормално).

Откако ќе го маринирате, извадете го на собна температура. Додека се приспособи, во сосиер тенџерче ставете 100мл млечна павлака за готвење и 80гр Рокфорд сирење, мешајте на средна температура додека не се спојат.

Во загреана тава, ставете 1 лажица маслиново масло и спуштете го парчето бифтек, постојано вртете го од сите страни за да го испечете перфектно од сите страни.

За печење бифтек постојат неколку правила, секогаш го печете на средна/висока температура и на крај додавате путер, па со лажица постојано го прелевате бифтекот (како што се топи путерот).

За да биде перфектен ќе мора да употребите термометар за месо! 

Доколку сакате добро печен температурата во средината треба да биде 71С

Доколку сакате средно печен температурата во средината треба да биде 62С (бифтекот на сликата е средно печен, секогаш го спремам така. Сметам дека тоа е најдобра состојба на овој тип на месо)

Доколку сакате крвав, температурата во средината треба да биде 50С

*Внимавајте доколку јадете крвав бифтек во средината, секогаш треба да сте сигурни дека се работи за тазе месо и добро да го познавате потеклото. 

Во овој случај јас користам пикантни зачинети компири (веџис / wedges) како прилог, вие можете да употребите и броколи. Мене овие пржени компирчиња ми се доволни, ги местам како венец, ги полевам со сосот и го ставам бифтекот одозгора, на крај украсувам со гранче копар.Biftek-vo-sos-od-gorgonzola1Направете го овој рецепт и изненадете некој што е навистина гурман!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар