contact@gotvimesofico.mk

24
апр

Штрудла со малини

Блачко си е блачко, без блачко тешко е! :) Во фрижидер имав смрзнати малини што никако не можев да ги употребам освен у смуди и у ваква штрудла. Нека биде штрудла! :)

Значи 600гр Малини ги мешам со 130гр шеќер и 2 лажици гриз.FIC_0012Купив кори 500гр. Секоја штрудла ја составувам од 3 кори. Измеѓу секоја кора мачкам малце зејтинче, а ако сакате можете да растворите квасец и да пропрскате со квасец (јас немав, а ме мрзеше да идам до продавница и не стаив – па и не згрешив!) :)FIC_0023Виткам неколку огромни штрудли и ги редам на хартија за печење. Ги печам на 180 степени, околу 30 минути, на крај им давам малку форца со вентилатор за да им дадам боја. Епа толку е рецептов другари… :) На крај го наросувам со шеќер у прав и паѓам у несвест! :)FIC_0041Одличен рецепт за кога ќе ти се најават гости во 90-та минута! :)FIC_0037

Остави коментар