contact@gotvimesofico.mk

14
јан

Шпикувано Фрикандо

Овој рецепт ме потсеќа на момент кога бев во основно школо! Татко ми ме зимаше од школо зошто живеевме подалеку од школото, влагаме дома и мириса на магија! :) Мајка ми направила ненормална работа, што мириса перфектно, и едвај чекам да ја пробам…! :)

Сендуваме на маса намонтирана како што треба, прво салати се принесуваат, мезиња и се тоа супер ама мене ми мириса на нешто што сеуште не е на маса! :) Дури сега што ја опишувам оваа меморија ми се лачат лиги! :) Не можев да издржам да не прашам кога ќе го добиеме тоа што мириса вака добро! Пошо бев буцко како мал (сеа сум фото модел! :) ), брат ми ме зезаше дека не сум можел да издржам да го дочекам главното јадење! :) 

Ете ја стига мајка ми со тавата и топло испечено лепче! Нестрплив сум, ѕенѕам! :) 

Уствари гледам дека се работи за некое печено месо, али има фора, го сече мајка ми и гледам внатре шаренило од морков! Тогаш се чудев како е можно тоа! И ме мафтаа моите дека има магија за тоа! :) Али после неколку години кога почнав да се интересирам за кујна и да барам директно вклучување во сите рецепти (тоест да станувам досаден со милион прашања) конечно ја дознав тајната! :) 

Идеш у месара му бараш на месарот јунешко фрикандо и он тука сигурно ќе те праша што ќе праиш. Трај си! :) Ќе ти нуди други парчиња као боље и по меки и слично, али не попуштај! Зошто и месарот знае дека фрикандото е тегаво парче месо и му треба подолго готвење, ама ќе ја цени вашата одлука! 😉

Доаѓаш дома, зимаш нож со долго и еднакво тенко сечиво. Го бушиш месото по должина, во дупките ќе ставите маслиново масло помешано со пасирано лукче. 

Ќе набавите големи моркови (долги), ќе ги излупите и ќе ги бутнете во претходно избушените дупки. Ќе го намастите цело месо со маслиново масло и ќе го прекриете со сол, оригано, сув мајоран, црвена, сушена па мелена пиперка и малку мелен зелен бибер.FIC_0115Го ставате малку на маслиново во тавче колку да му ги затворите порите и веднаш го вадите.

Му ставате во тавчето околу 1 литар говедски бујон

Го ставате во рерна на 200 степени (со вентилатор) под фолија (капак) и го печете така едно 2 саати сигурно (зависи како ви пече рерната). После ја вадите фолијата и печете уште саат време без фолија да добие боја. 

Не се врзувајте за тајмингот откако ќе ја извадите фолијата. Печете додека не ја добиете посакуваната боја. И да потемни одозгора внатре ќе биде одлично.

Откако ќе биде готово го вадите малку да се подолади па тек после го сечете. Топло може да ви се распадне. Добро е што ова мевце може да го чувате во фрижидер и до 5 дена и да го сечете како салама, само на подебели парчиња! FIC_0232Таму третиот, четвртиот ден какви сендвичи се праат, ненормални! 😉 

Поздрав се читаме за кратко!

Остави коментар