contact@gotvimesofico.mk

20
ное

Шпагети Чилиеџино

Ако се најдете во Италија и сакате да јадете карактеристична паста или пица, а сакате да звучите како прав гурман и познавач на италијанската кујна нарачајте паста или пица во доматен сос чилиеџино или едноставно кажете: “Шпагети Чилиеџино!”

Чилиеџино е тип на пасата која се прави исклучиво од најквалитетните шери домати кои може да се најдат во Италија и најчесто овој производ е означен со D.O.P. што значи дека производот е со контролирано географско потекло!

Со овој рецепт ќе ве доближам до Италијанската кујна која е лесна но доста прецизна. Кога и да посакате да направите квалитетен Италијански рецепт, секогаш користете квалитетни состојки! Јас секогаш велам дека тајната на најдобрите шефови низ светот се квалитетните состојки. И доста од нив тоа ми го потврдиле! 😉

Овој рецепт почнува со тенџере со солена, зовриена вода (паста секогаш варете во поголемо тенџере), јас користам шпагети од Грањано областа во Италија, кога се работи за паста, Грањано е областа каде што се измислени скоро сите врсти на паста. fic_0476Ги ставам да се варат околу 6-7 минути. Додека се варат во тава на рингла ставам 30гр несолен путер, 6 инчуни, 7-8 исецкани полусуви домати во маслиново масло и 1 чешне лук (од Македонија). fic_0482Ги оставам малку да се пропржат на средна температура, чисто колку да почнат инчуните да се топат. Потоа додавам 330гр Чилиеџино сос (за зачудив кога го видов по маркети, па така се инспирирав да ви го презентирам овој рецепт) и 2 лажички Песто Џеновезе, мешам да се спојат состојките во еден сос, додавам малку мајчина душица (сува или свежа), малку сол и ги префрлам шпагетите во сосот. 

Шпагетите не ги цедите туку со штипка директно ги префрлате во тавата, со цел да се префрли и малку од водата во која се вареле. Мешате да се спојат со сосот и да се доварат до ал денте структура. За шпагети јадење признавам само ал денте сварени, се друго е лош обид!

Направете го овој одличен рецепт и пратете ми некоја фотка да видам како ви излегло! Поздрав, се читаме наскоро 😉fic_0494

 

Остави коментар