contact@gotvimesofico.mk

26
апр

Шпагети со Шкампи

Пред 2 месеци бев во Италија на обука за готвење и имав шанса да си купам едни од најдобрите шпагети што постојат на светот! Кога збориме за квалитетна паста, секогаш збориме за паста од областа Грањано! Се работи за вистински деликатес. Мислам дека и кај нас се наоѓа по маркетите, ако најдете набавете, секој залак е вистинско деликатесно искуство. Решив да скоцкам оброк кој нема да го покријам со сос… наместо сос ќе додадам квалитетно ладно цедено маслиново масло како “фајнл тач”.

*Слободно можете да користите било какви шпагети.

Потребни состојки:

  • Шпагети 200гр
  • Шкампи 250гр
  • ½ тиквица
  • 2 моркови
  • 2 страка млад кромид
  • 2 чешниња лукче
  • Маслиново масло

FIC_0080Тенџере на рингла, го полните со вода, ставате само сол и чекате да зоврие. Откако ќе зоврие ги спуштате шпагетите и ги варите точно 8 минути.

Во меѓувреме зеленчукот го сецкате ситно и го ставате во тавче малку да се запржи.FIC_0078Ги додавате и шкампите и ги пропржувате. Шпагетите ги додавате во тавата и додавате малку од водата во која се вареле шпагетите (околу 30мл).FIC_0071На крај сервирате рустично и додавате ладно цедено маслиново масло. Јас додадов и оригано зошто го обожавам!

Епа драги мои, ова е лесен рецепт, секој може да го направи и нема шанси да го утнете! Имате точен тајминг за варење на пастата, а тоа е најбитно за овој рецепт.

Се извинувам што ме немаше 2-3 дена, ама ми се роди синче и морав во старт да му ги покажам основите на готвењето…да фатиме со време! Хахахаха

Поздрав и се читаме за кратко.

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар