contact@gotvimesofico.mk

14
окт

Шпагети со спанаќ

fic_0004Се работи за многу брзо и многу вкусно јадење! 😉 Ставате да се варат шпагети (околу 80гр по лице се доволни со овој сос), во тава до шпоретот ставате 35гр путер да се растопи и му додавате 2 чешниња лукче ситно исецкани, ги готвите додека не добијат стаклест изглед (тоа значи да готвите на средно/ниска температура). Шпагетите ги варите не повеќе од 7 минути, значи за 7 минути сосот треба да ви е спремен! :) За да бидете добри со тајминг потребна ви е добра подготовка или како што викаме ние во кујна – “Mise en place”.fic_0007 По лукот додавате околу 300гр исчистен и измиен спанаќ (може и блитва ако немате спанаќ), го готвите околу 1 минута и потоа додавате 150мл павлака за готвење (ако несакате да користите павлака за готвење, направете си бешамел сос, сто пати ќе ви биде повкусна храната). 😉fic_0013fic_0010Шпагетите со многу малку од водата (околу 50мл) додадете ги во сосот и гответе ги за да попримат малку од сосчето!fic_0015И воала! Имате јадење кое е превкусно и многу лесно за спремање.fic_0027Се читаме за кратко! 😉

2 Коментари

    1. Слики од спремање ставам само каде што има процес што не може да се опише со зборови, односно каде што треба човек да види за да знае што да направи. Гледам да има што повеќе фотки. Поздрав! 😉

Остави коментар