contact@gotvimesofico.mk

30
јун

Шпагети со Инчуни

Кога се работи за паста, можам да кажам дека оваа ми е омилена комбинација, префинета!

Најтешко е да направиш вкусно јадење со малку состојки! Што помалку состојки тоа покомплексен рецепт…!

Во овој рецепт се е околу балансот, па затоа не смеете да фрлате од тепка зачини, следете го точно мојот рецепт и ќе добиете врвна порција шпагети.

Идеме овака!FIC_0870Земете 1 парче стар леб (јас користам тоа што ми остана од лебот со пиперки што го правев пред некој ден), ставете го во блендер и направете домашна презла. Загрејте тавче на рингла, сипете ја презлата и почнете да ја загревате, внимавајте да не ја оставите подолго време зошто постои веројатност да ви подгори. Додадете малку сол (јас користев црна сол) и прстохват сушена мајчина душица. Мешајте додека не се потпече и не пушти пријатен мирис, потоа додадете 2 лажици квалитетно маслиново масло и промешајте. Тргнете го на страна во чинија и оставете го да чека да му дојде редот.FIC_0873Во тенџере наполнете поголема количина вода (зависи колкава количина паста приготвувате), посолете ја со 2-3 поголеми прстохвати морска сол (ако сте на море, слободно користете вода од морето), откако ќе зоврие спуштете ги шпагетите да се варат, не повеќе од 6 минути (зависи која класа на паста ја користите), кога се работи за паста јас користам квалитетна паста, животот е прекраток за да јадете ефтина паста! Секогаш одбирам квалитет! П.С. – Претпочитам пастата да е произведена во областа Грањано во Италија зошто таму се прави најдобрата паста, за брендови нема да ви сугерирам, цената си кажува се! 😉

Не постои нешто како ефтин квалитет… да не забегам со темава, болна тема ми е, не ме рчкајте! :)FIC_0867Додека се вари пастата, ставете тава на рингла, сипете 6 лажици ладно цедено маслиново масло, додадете 8 инчуни (јас ги исецкав ситно), тие ќе се растопат, ќе ги снема! Ако ви се допаѓа вкусот и мирисот на инчуни слободно ставете десетина, меѓутоа да не претерате зошто се доста солени и имаат доминантен вкус.

Веднаш додавам 3 чешниња лук исечени на листови и додавам 1 лажичка сушено чили (доколку не јадете луто додадете сушена, издробена блага пиперка), обожавам да јадам луто! 😉

Додавам рузмарин, буквално 1 грам!FIC_0874Е сеа е моментот кога веќе станувате краЉ у кујна (што би рекол татко ми)! Мирисот што излага од кујната е магија!

Не оставајте да се препржи, зошто ќе се уништи вкусот, веднаш додадете ги шпагетите и промешајте да почне да се спојува рамномерно, додавам 2 лажици млечна павлака за готвење, промешувам да се распореди насекаде.

На крај завршувам со домашната презла, мешам со тавата и веднаш сервирам. Додека сервирам, Ивана (жена ми) мести маса, Максим (син ми) веќе е пиен млеко, он е мал за паста, го сместуваме да седи (у транспортер) до нас и дојде време за крканција! :)

Можам да потврдам дека пастата е врвои! Павароти!

*Порција паста (сува паста) треба да биде околу 100-тина грама (домашна мерка).FIC_0898