contact@gotvimesofico.mk

22
јул

Шпагети Помодоро

Оваа паста се смета за една од најтешките за спремање од причина што користите само две состојки, а треба да извадите перфектен вкус. Значи треба да се користат само врвни состојки.

Мојот рецепт за шпагети помодоро е фантастичен. Решив да го споделам рецептот со вас! 😉FIC_0126За почеток мора да користите квалитетна паста, јас (како и секогаш) користам паста од областа Грањано во Италија. Таму се произведува најквалитетната паста на светот. Околу 200гр шпагети ги ставам да се варат во тенџере со солена вода (ако сте на море и истото е чисто, слободно користете морска вода – најчиста е водата каде што е карпест предел), ги варам точно 6 минути.

Додека се варат во тавче на рингла (со средна температура) ставам 4 лажици квалитетно ладно цедено маслиново масло. Ситно сецкам 2 чешниња лук и ги спуштам во маслиновото. Кога ќе почнат да пуштаат звук на готвење додавате 7-8 шери домати исечени на половинки.

Оставате да се готват околу 3 минути, шери доматите ќе ги ослободат сите сокови и вкусови и ќе добиете црвенкаста боја маслиновото. Сега е моментот кога додавате 8 лажици домашна салца (или квалитетен доматен сос, ќе гледате да се без додаток на вода, тоа ќе го приметите во продавниците на рафт, најчесто се во стаклени флаши на кои пишува пасата, па преку стаклото можете да приметите дали се одвоила вода на крајот од шишето. Доколку има одвоено вода не е квалитетна пасатата).FIC_0129Додадете околу десетина ливчиња босилек, меѓутоа не го сечете со нож, туку искинете го со раце. Доколку го сечете босилекот со нож брзо оксидира заради контактот со металот.FIC_0133Со штипката префрлете ги шпагетите во тавчето, меѓутоа не ги цедите од водата, колку ќе се задржи на нив не е проблем, тоа плус допринесува на вкусот.

Гответе ги заедно додека не се спојат, додадете ½ лажичка оригано и уште 2 лажици ладно цедено маслиново масло.

На крај сервирам и декорирам со снегулки од сол (salt flakes), не сум сигурен дали се наоѓаат кај нас, јас си ги порачав од интернет! Дури имам и чадени, тие се лудница со некое добро парче месо!FIC_0147Ова е мојот фантастичен рецепт за шпагети помодоро. Ви ветувам дека не сте пробале подобри! 😉FIC_0141

3 Коментари

  1. Бубе Т

    edna zabeleska: koristenjeto na morska voda kolku i da e cista moze da predizvika stomacni bolki, a i shpagetite se presoleni. Isprobano.

    1. Абе не можам да кажам дека не си во право. Ама на еден одмор којзнае колку вода ќе се изнапиеме додека се бањаме, па сеа за вода што проврива не е толку проблем. :) И јас сум го пробал и излегоа многу добри. Индивидуално е 😉

Остави коментар