contact@gotvimesofico.mk

09
апр

Шкотско Јајце

Шкотско јајце, ама на мој начин…! Многу добро и многу јако како украс на секоја трпеза! 😉FIC_0005Засукајте ракавите и одиме вака:

300гр мелено мисиркино месо го замесувате со 2 лажици брашно, 1/2 лажичка сол, 1 јајце и малку бибер (ако љубите можете да додадете ситно сецкан кромид и лук).

Претходно ќе сварите 2 тврдо варени јајца. И ќе ги обвиткате во смесата со мелено месо. (пред да работите со меленото месо, намастете ги рацете – многу ќе ви биде полесно). 😉FIC_0007Ги ставате да се печат 20 минути на 200 степени и ги сервирате! 

Лесно, а многу ефективно! За вкусот ќе морате да пробате! Топ, лесен рецепт што секој може да го приготви!

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар