contact@gotvimesofico.mk

24
јан

Чоколадни Шишарки

Бев на гости во Струмица, па ми се погоди слава. Таму Водици ја праат на големо! :) Имав шанса да бидам присутен на припремите за големата слава! Правеа милион десерти ама не можев да се распрашувам за секој рецепт. Ме собра едно младо домаќинче и заедно правевме чоколадни шишарки. 

Едноставен рецепт! Оди вака:

50гр сусам се запекува во тенџере на рингла (пазите да не ви изгори), му се додаваат 170гр маргарин (или путер)

*по рецепто (старио рецепт) се додавал еден маргарин ама биле ного мрсни! :)

Се додаваат 4 лажици медFIC_0198домашен мед – лудница!

Се додава 1 шолја шеќер и 2 лажици какао (преку сеалка). Варите се заедно за да добиете една смеса (струмичани викаат да проврие) или додека не се растопе шеќеро! :) После додавате корнфлекс во вид чоколадни мали топчиња. Струмичани ги викаат “емби”! 😉 и во модла правите шишарчииња! :) Ако немате таков калап, не сте од Струмица! :) Тогај користете било какав калап по ваша желба. 

Се читаме за кратко! 😉 FIC_0192

Остави коментар