contact@gotvimesofico.mk

05
јан

Чоколадна баклава

Значи на репертоар дојде госпожа Баклава! :) Многу сериозен десерт кој е посебна мајсторија на секој готвач. Мојата баклава оди вака:

Во мало тенџерче мешате 100гр сува брусница, 100гр кокос, 100гр сецкани ореви, 100гр суво грозје и 100гр растопено чоколадо заедно со 50мл млеко, филот го зачинувате со малку цимет и малку каранфилче во прав.fic_0047Оваа баклава е во форма на ролат. Па за секоја ролна ви се потребни по 3 кори (јас користам купечки, ако имате нерви тегнете домашни) 😉 . За корите ќе растопите 125гр путер заедно со 100мл сончогледово масло. Со оваа смеса ќе пропрскувате меѓу секоја кора (така ќе се излистаат корите при печење). Откако ќе ги наредите корите ги филувате со по 3-4 лажици од смесата/филот. И ролате! 😉fic_0004fic_0007Ролате додека имате смеса/фил, би требало да ви излезат околу 7 ролати. Ги редите во плех за печење, ги сечете во димензии по желба и на крај ја загревата смесата од путер и масло и прелевате на пресеците (доколку ви фали масна смеса, додадете масло околу 50мл, но внимавајте да не ви испадне премногу масна баклава), битно е маслото да е загреано до степен пред зовривање.

Ставате да се пече на 200 степени (во загреана рерна), околу 10-15 минути. Потоа намалувате на 180 степени и печете уште 30 минути. Додека се пече го спремате шербетот, а тоа би излгедало вака:

Во 800мл вода ставате 900гр шеќер, 3 лажици мед и вриете околу 4 минути, потоа додавате сок од еден лимон и вриете уште 1-2 минути.

Откако ќе се олади испечената баклава ја прелевате со врел шербет и најдобро да ја оставите да кулира 1 ден (не ја прекривајте со ништо). Потоа ја имате една од подобрите чоколадни баклави што сте ја пробале! 😉fic_0052

 

Остави коментар