contact@gotvimesofico.mk

29
дек

Чоколаден Тарт

Глеј сеа, десерти како овој се вистински деликатеси и можете да ги најдете во понуда на многу популарни ресторани. Се работи за вистинска чоколадна магија!

За тестото измешајте 250гр брашно со 125гр путер (путерот секогаш требада биде ладен), додадете лажица шеќер, прстохват сол и едно јајце. Замесете бисквит тесто кое ќе биде подлога/рамка.fic_0228Расукајте го тестото и постелете го во калап за тарт, на дното избоцкајте го со вилушка, одозгора залепете хартија за печење и наполнете ја со грав, ориз или леќа или доколку сте во можност најдете камчиња за печење. Вака тестото оди во рерна на 200 степени, околу 13 минути. Од истото тесто можете да направите и мини тартови наречени тартлети.tart2Чоколадната смеса оди вака, растопете 200гр темно чоколадо, во сад изматете 5 белки од јајце, во друг сад изматете 5 жолчки од јајце. И во двете смеси додадете по 3 лажици шеќер. Во жолчките додадете 1 доза амарето ликер.

Додека ги матите жолчките додадете го растопеното чоколадо и продолжете да матите додека не се спојат. Потоа со шпатула додадете една третина од белките и продолжете да матите со шпатула додека не се спојат.

Добивте водушаст чоколаден крем со кој ќе го исполните тестото за тарт.

Откако ќе се испече тестото, извадете го од рерна, тргнете ја хартијата и оризот и вратете го во рерна околу 1 минута. Потоа оставете го да се олади, потоа наполнете го со чоколадниот крем и ставете го во фрижидер да се олади и да се избалансира. Пред сервирање наросете со квалитетна сол. Солта одлично оди со чоколадо зошто му го појачува и потенцира вкусот.fic_0278tart9

Остави коментар