contact@gotvimesofico.mk

22
јун

Црни крофнички

Ми дојде мајка ми на гости и ми донесе онакво машинче за мини крофнички (тркалезни). Го клапнав во шпајз и не сум го пипнал со месеци.

Излегов низ маркет да соберам малку инспирација од понудените продукти и така шетајќи се видов на рафт брашно од црн ориз и тоа од Артемиде сорта, малку да ви појаснам, оваа сорта на ориз се произведува само во Италија и не може да се ископира на друго место во светот, се работи за ориз со долго зрно од индика врста, кој е богат со хранливи состојки повеќе од било која скробна билка, со овој ориз прв пат се сретнав во Италија на обука за рижото и ми остана во сеќавање, искрено пријатно се изненадив кога во видов во Македонија.

Земав 500гр од ова оризово брашно (се користи во мали количини, така да ќе ви трае) и одма ми текна за што ќе го пробам! :) Машинчето за крофни…!

Доаѓам дома и почнувам!FIC_0566Во сад за мешање ставам 110гр брашно (тип400), 50гр брашно од црн ориз, 100гр шеќер, 1 лажичка ванила екстракт, 2 лажички амарето ликер (ликерот е опционален), 80мл млеко, 50мл кисела павлака, 2 јајца, 3 лажици сончогледово масло и 1 лажичка прашак за пециво.

Добро измешајте, ќе добиете смеса со боја на цемент.FIC_0571Е сеа ако немате вакво апаратче, можете да ги правите во вид на американски палачинки, без проблем, добро ќе излезат, само печете ги на ниска температура.

Апаратчево за крофни си има свој, посебен начин на печење кој јас не го најдов од прва, ама ви ветувам дека брзо ќе му ја најдам цаката. Значи ако печете според она што го пишува во упатството малку ќе ви загоруваат, пошто нема потенциометар за подесување на температурата, јас се зезав со гасење на кабелот (на секоја тура крофнички) од штекер. И пак ми фатија корка со кафеавкаста боја, ќе му ја најдам фората брзо! :)

Значи, доколку ги правите на тавче печете ги на ниста температура, за да останат со црна надворешност.

Јас ги сервирав со сируп од амарена вишни, го обожавам! Поздрав и честитки! :) Прекрасни сте! :)FIC_0589

Остави коментар