contact@gotvimesofico.mk

14
фев

Црвена Торта (Red Velvet Cake)

Види, ваква торта на се одговара, дури се уклапа и во модернизам! :) Се работи за многу познат рецепт малку модифициран на мој начин.

Прво ќе треба да си набавите природна црвена боја. Тешко се наоѓа морам да признаам, али мене ми се добри другарчиња од слаткарница “Романса” па ми го решија проблемот у две секунди! :) Значи ваква црвена боја можете да добиете само со природна црвена боја, се друго е играчка! 

Значи, матите 2 јајца со 1 шолја шеќер (шолја од 250мл), откако ќе се запени, додавате 120мл сончогледово масло, 70мл млеко, 1 и 1/2 шолја брашно (просеано), 1 и 1/2 лажичка пециво, 4 лажички екстракт од рум и 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лажичка црвена боја и 2 лажици какао.FIC_0270Се заедно мешате додека не добиете хомогена црвена смеса.

Ќе премачкате округло тавче (26цм) со путер и ќе го наполните со смесата. Печете на 175 степени, околу 40 минути.

Колачот ќе се крене додека се пече, али нека не ве плаши тоа. Откако ќе се испече, превртете го наопаку и притиснете го со чинија – оставете го така нека се лади.FIC_0274Откако добро ќе се олади пресечете го на три дискови. Јас го пресеков со конец, така нема утка!FIC_0282У меѓувреме спремате лесен фил и тоа матите 250мл грч ладно полномасно млеко со 2 пакетчиња прашок за крем ванила, додадете 200гр крем сирење и 3 лажици шеќер во прав (јас додадов и 1 лажичка природен екстракт од круша). 

Матите со мискер додека не добиете една смеса. Филувајте ги дисковите и наредете ги еден врз друг, понатаму рустично поминете ја тортата со остатокот од кремот, оваа торта треба да изгледа како да ја правело дете. Токму таков е оригиналниот рустичен рецепт. Вие направете ја како што вам ви се допаѓа повеќе. FIC_0288На крај и додадов ливчиња од лупен бадем и розев шеќер и завршив работа! 😉FIC_0294

Остави коментар