contact@gotvimesofico.mk

19
јан

Цементиран Крап

Цементиран крап е еден од македонските традиционални класици! На овој начин крапот ми е најсладок! 😉 

Набавив Крапче од околу 5кг, така бабачко парченце и решив да го ѕидам! :)FIC_0227Многу лесен и прецизен рецепт…

Исчистете ја рибата од шкргите и внатрешните органи, ќе ја измиете со ладна вода, а можете и да и ги исечете перките и опашката за да можете да ја соберете во голема тава (јас тоа го направив).

Во пластична вангла ставате 3кг обична сол и ја мешате со 4 белки од јајце. Добро ќе ја измешате за да добиете еднаква смеса. Внимавајте, ако имате ранички по рацете ќе трпите болки! :) Али за рацете ќе ви дојде супер, како пилинг! :) У принцип користам пвц рукавици и решен проблем! 😉

Смесата за цементирање, спремна! 

Во друга вангла измешајте 150гр грашок, 150гр пченка, 150гр морков (конкасе) и еден голем кромид (исецкан на тенки полумесеци).

Со оваа смеса ја полните утробата на крапот и затворете ја со готварски конец.

Во голема тава ставете 1/4 од смесата од сол и распоредете ја како подлога на која ќе го положите крапот.

Потоа прекријте го со остатокот од смесата и осигурајте се дека од сите страни е добро циментиран.FIC_0233Ставете го во загреана рерна (без вентилатор) на 200 степени и печете го 80 минути. 

Откако ќе го извадите од печење оставете го малку надвор на тераса да земе воздух и после, внесете го во кујна, отворете го со нож (извадете половина, како капак од прекривката) и послужете го! FIC_0236Значи по лесен деликатесен рецепт не постои! 😉 Гурмани, напред! :)FIC_0237

 

Остави коментар