contact@gotvimesofico.mk

19
сеп

Француски омлет на Македонски начин

Не знам за вас ама мене ми се пријаде класика омлет, а пошто за омлети ми нема рамен, решив да правам француска класика на македонски начин!

Знаете ли дека омлетот е светиња во Франција?! Кога француски шеф прима готвач на работа, единствено што бара од кандидатот е да направи омлет. Се верува дека врвните француски шефови знаат да зготват јајца на повеќе од 100 начина! Замислете!

Дури и свифките на капите што ги носат е со такво значење, па така секоја свифка означува на колку начини шефот знае да зготви јајца!

Рецептот оди вака:

3 јајца изматете ги да добиете хомогена смеса, додадете само сол и бибер (по еден мал прстохват). Јас додадов димена сол и свежо мелен црвен бибер.

Ситно ќе исецкате ½ глава кромид (со средна големина) и ќе го ставите да се динста во 1 лажица путер, работете на средно ниска температура, поентата е кромидот да биде само малку омекнат, а сепак да ја задржи крцкавоста.

Сипете ги јајцата и со шпатула брзо мешајте за да добиете смеса налик пире, откако ќе дојдете до тој дел од постапката наместете ја смесата во горниот дел на тавата и свиткајте ја како палачинка (сево ова се случува во 2 минути).

Овој начин на омлет ми оди со црна сол и лушпи од добро овчо сирење, во овој случај користев Манчего сирење, омилено ми е! Иако е шпанско, ќе ми простите! 😉

Поздрав се читаме за кратко! 😉fic_0731

 

 

 

Остави коментар