contact@gotvimesofico.mk

25
окт

Уникатен рецепт за пица

Кога ќе се каже пица на ум ми доаѓаат стотици рецепти. Овој рецепт ми го даде еден колега, малку го изменив и добив многу интересно тесто! 

Мешате 1кг брашно, 20гр свеж квасец, 20гр сол, 10гр шеќер, 5гр прашок за пециво, 150мл сончогледово масло, 100мл кисела вода, 100мл Кока-Кола, 150мл млеко и 30мл обична вода.fic_0317Замесете тесто! Доколку е потребно додадете уште 30мл вода, зависи какво брашно ќе корисите, секое брашно различно прима течност. 

Оставете го да стаса, потоа поделете го на 6 топчиња. Оставете го да се одмори околу 20-30 минути во фрижидер и потоа можете да го работите.fic_0326Секое топче ви претставува пица. Мене дома во рерна ми собира по две теста, па така и ги печев. Ги наредив со Тоскана салама, пелати, ајдамер и моцарела (рендани) и печурки шампињони.fic_0334Како сме се налапале! Мхмхмхмх! Професионално гледано ова тесто е погодно за работа во фурна на дрва меѓутоа доколку работите со тавче, тоест печете во тавче. Мада во повеќето ресторани пицерите работат без тавче, директно на керамика или шамот.

Доколку печете во домашна рерна, треба да ја загреете на 220 степени и печете околу 3 минути со вентилатор.
fic_0344

Остави коментар