contact@gotvimesofico.mk

03
окт

Туна Салата

Мислам дека не постои човек што не јадел туна салата. Моето работно искуство по скопските бистро барови кажува дека туна салатата се бара! И тоа многу! На прво место е популарната Цезар салата, веднаш после неа е Туна салатата и тоа спремена на овој начин!fic_0073Ќе исецкате 1/3 ајсберг салата, јас ја обожавам зошто е крцкава! Дали знаете дека ајсберг салатата се вика така зошто кога ја кршите со раце, крцка со сличен звук на сантите мраз кога пукаат.

Ќе додадете две полни раце бејби рукола (можете и обична), ќе исцедите една туна од маслото (ќе внимавате да биде на цели парчиња, не онаа мелената!) :) , ситно ќе исецкате 4 кисели краставички, 50гр пченка, во друг сад ќе измешате 4 лажици кечап и 2 лажици мајонез, како додаток јас употребив перца од младо кромидче! Ако вие не го сакате, не го додавајте, мене туна салата без кромид не ми штима! :)fic_0075Зачинувате со квалитетно маслиново масло и ако сакате можете да додадете балсамико, али со усул за да не доминира. На крај како фајнл тач јас украсив со печен сусам – го обожавам и од него неколку пати во животов се имам здебелувано! :) Али топ вкус е на салати!

Не сум сигурен дали негде ќе ја добиете спремена на овој начин и со овој квалитет, али во подобрите локали можете да добиете нешто слично и доста вкусно!fic_0085Доколку ве носи патот во Франција ќе наидете на “Нисоаз” салата и тоа е нивна варијанта на туна салата, меѓутоа се прави со свежа туна и плус има јајце и пиперка и е скроз различна од оваа салата, али вкусна е!. Јајце можете да додадете и на оваа салата, топ оди!

Кога ќе најдам свежа туна ќе ви направам оригинална француска Нисоаз салата!

Ајде трк сеа да не ве чека салатата! Се читаме за кратко, адиос! 😉fic_0083

 

Остави коментар