contact@gotvimesofico.mk

11
апр

Традиционален Домашен Леб

Ми се пријаде онакво домашно лепче со крцкава кора, а средината мека како памук! Оддамна немав правено и сега дојде часот! :)FIC_0015Во сад за месење ставате 300гр брашно, 15гр свеж квасец, 1/2 лажичка шеќер и 1/2 лажичка сол (секогаш кога ставате сол избегнувајте да го допира квасецот), 25мл сончогледово масло и на крај ставам многу малку прашок за пециво (на врв од лажичка). Додавам 150мл млака вода и оставам да почне да се развива квасецот.FIC_0018По 10 минути замесувам мазно и меко тесто и го оставам да стаса едно 30 минути покриено со кеса. Откако ќе стаса го размесувам едно 10 секунди и го ставам да стасува во плехот во кој ќе го печам, сега е моментот ако сакате да го шарате со засеци одозгора. Прво го набрашнив па го ишарав со остар нож. Откако ќе нарасне го ставам да се пече на 200 степени, 33 минути (без вентилатор, доколку сакате на крај да му додадете потемна боја пуштете кратко вентилатор). FIC_0018Уживајте во класичен домашен леб! За ваков леб ја употребувам само путер и сол! :)

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар