contact@gotvimesofico.mk

09
јан

Тофете паста со ракчиња

Тофете е пастата со својата форма е одлична за ваков тип на рецепти! Денес одлучив да ве згреам со рецепт од морски плодови и паста! Одлична комбинација која ја надополнувам со доматен сос со босилок и маслинки.fic_0098Ракчињата ќе ги исчистите (по маркетите се наоѓаат веќе чистени ракчиња и шокирани на -60 степени). Слободно користете ги, одлични се! Шокираните ракчиња ги одмрзнувате во ладна вода околу 15 минути (спакувани).fic_0104Пастата (500гр) варете ја околу 9 минути (во вода што врие). Додека се вари пастата во тавче на средна температура ставете ги ракчињата (претходно добро исцедени од вода) на маслиново масло. Тука е моментот кога додавате 2 чешниња лукче ситно исецкани. Ракчињата ќе добијат црвена боја, пропржете ги од двете страни. Потоа додадете ги сварените “Тофете”, посолете, додадете уште малку маслиново масло и додадете 300гр доматен сос измешан со ливчиња од 1 китка босилок, 10 маслинки ситно исецкани и една лажичка Песто. Промешајте полека со дрвена лажица, внимавајте да не ја искршуте пастата. Промешајте околу 2 минути и сервирајте.fic_0114Лесен рецепт, а многу вкусен! 😉fic_0115

Остави коментар